Заев ги повика работодавците да им ги зголемат платите на работниците

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска по седницата на Економско-социјалниот совет најави нова мерка за раст на платите и ги повика фирмите да ги зголемат платите на вработените.

Како што рече Заев на прес-конференција во Владата, станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности.

Условите за оваа мерка, напомена премиерот, ги исполнуваат околу 15.000 компании и 50.000 работници.

– Целта е една – да растат платите и граѓаните да имаат повеќе пари, рече Заев и апелира до фирмите да ги покачат платите и да аплицираат за владините мерки зашто државата е тука, како што истакна, да помогне.

Поврзани новости