Заев ги донирал парите од мировната награда во фондот за Ковид-19

by fokus

Премиерот Зоран Заев својот дел од Хесенската мировна награда која ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, во висина од 12.500 евра, го донираше во Солидарниот фонд за справување со Ковид-19, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упати благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција.

– Огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучија преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза. Солидарноста е клучна во периодот кој следува и нашето општество мора да функционира како едно, напиша Филипче.

Поврзани новости