Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска се сретна со британскиот амбасадор, Чарлс Едмунд Гарет. На средбата била поздравена определбата на новата Влада кон реформските процеси што треба да отворат перспективи за граѓаните и за државата, како и конструктивните и инклузивни политики, и неговиот искрен пристап да ја спои позитивната енергија во општеството кон општо добро, соопшти владината прес-служба.
Амбасадорот Гарет, во име на британската премиерка Тереза Меј му врачил и честитка на премиерот Заев.
„После долгогодишна политичка криза, новата Влада има важна можност да ги имплементира многу потребните реформи“, стои во честитката.
Британската премиерка Меј ја охабрува посветеноста на Владата за зајакнување на влаедеењето на правото, спроведување на потребните судски реформи и градењето независни институции.
„Сите овие работи се важни за стабилноста на Македонија и напредокот на евро-атланскиот пат на Република Македонија“, стои меѓу другото во честитиката од премиерката Меј до премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев, соопшти дека ги очекува првите резултати од реформите во септември, за кога изрази надеж дека ќе биде почната и втората фаза сериозни реформи потребни за квалитетот на живот за граѓаните и интеграциските процеси.
„Велика Британија останува голем пријател на Македонија на патот на демократските и интеграциските процеси, во интерес на граѓаните на Македонија, како и одблиску заинтересирана за стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион“, се наведува во соопштението.