Заев: Франција не е против нас и има легитимни барања

by fokus 11:48
11:48

Премиерот, Зоран Заев, не сака ни да разговара за можноста Македонија да не добие датум за почеток на преговори на Самитот на лидерите на ЕУ, кој теба да се одржи неделава во Брисел. Тој уште еднаш рече дека Македонија го заслужува овој датум и дека ЕУ не смее да си дозволи да ја казни земјава.

Како што изјави Заев денеска, тој очекува темата за проширувањето на ЕУ да биде и на дневнот ред на советот на министри на ЕУ кој ќе се одржи во Луксембург.

- Advertisements -

-Очекуваме дека ќе преовлада одговорноста од страна на ЕУ и дека ќе биде донесена долгоочекуваната одлука. По Советот на министри ќе ги знаеме чекорите, но на 17-ти и 18-ти ќе бидат донесени конечните одлуки. Јас останувам оптимист. Франција не е против нас. Има легитимни намери, да вгради методологија со реверзибилни методи. Така што ако земјата не ги задоволи условите од некои поглавја, да се врати назад – рече Заев.

Премиерот уште еднаш посочи дека земјава чекори во вистински правец и дека ЕУ не смее да го казни најдобриот пример во Европа.

Во врска со објавениот прислушуван разговор, каде се слуша гласот на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која бара „принципиелно гласање во ДИК“ на локалните избори во 2013 година, Заев вели дека „бомбата“ ја покажува разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Самата „бомба“ покажува колку сме различни. Пораката е да се држиме до законите и да не потпаѓаме под политички притисоци на никој. Тоа ја покажува разликата со опонентите – вели Заев.

Поврзани новости