Заев: Фокусирани сме на локалните, не размислуваме за предвремени парламентарни избори

by Fokus

СДСМ сé уште не размислувал и не направил анализа за тоа дали ќе побара предвремени парламентарни избори напролет доколку, по локалните избори ја освои локалната власт во повеќе општини во земјава, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Штип.

– Локалните избори се мошне важни, навистина општините со своите надлежности допираат до секојдневниот живот до граѓаните од многу аспекти, под општините се училиштата, детските градинки, комуналните претпријатија и многу други надлежности. За нас е многу важно промените да се заокружат тука. Штип е подготвен за промени, заради тоа што навистина она што тука се случуваше во изминатиот период не е нешто што можеме да кажеме дека би можело да биде задоволително – истакна Заев.

 

Поврзани новости