Заев еуфоричен: Радувај се Македонијо, портите на НАТО ни се отворени!

by fokus

Премиерот Зоран Заев попладнево на својата фејсбук страница еуфорично објави дека Македонија добила покана за членство во НАТО.

-Радувај се Македонијо!
Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени. Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата. Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми. Денес е голем, историски ден, за Република Македонија. Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја, напиша Заев.

Поврзани новости