Заев: ЕУ да го испочитува дадениот збор

by fokus

Нашата држава го исполни својот дел од обврските на патот за пристапувањето кон ЕУ и сега Европската Унија треба да го испочитува својот збор, рече премиерот Зоран Заев на средбата со амбасадорката на Хрватска во земјава Нивес Тигањ.

-Северна Македонија ги направи потребните реформи. Исто така е пример за соживотот на различни заедници во една држава, што е исто така европска вредност. Нашата држава продолжува со конструктивните политики на дијалог во државата и на меѓународен план и очекуваме дека тие ќе дадат резултати за исчекор во интеграциите – рекол Заев.

Како што соопштија од Владата, двајцата соговорници констатирале дека е од полза за сите Европската Унија да се заокружи со Западен Балкан.

Поврзани новости