Заев: Ерата на локални шерифи заврши

by Fokus

Ерата на локални шерифи заврши. Во Македонија има живот за сите. Обврската е сега поголема. Засукување на ракавите и работа за сите граѓани затоа што нашиот народ тоа го заслужува, концептот успеа, заедно сме сплотени, едно општество за сите, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред Влада.

– Само така Македонија ќе оди напред. Препорачувам на сите јавни функции внимателно да си ги слушнеме нашиот народ. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните. Најавивме ново време на одговорна, транспарентна власт и ова ќе стане правило. Апелирам на чесност одговорност и посветеност. На тоа не задолжија нашите граѓани – рече лидерот на СДСМ.

Пред Влада граѓаните скандираат Шутка не ти беа Никола.

– Вредеше борбата, вредеше направената жртва за нашата Македонија Вечерва славиме, утре одговорно и посветено ќе работиме. Македонија е на сите, аите општини се важни и секој поединец. Очекувам победата да продолжи каде не успеавме да ја добиеме во првиот круг – додаде Заев.

Поврзани новости