Заев една година по крвавите настани во Собранието: Нека биде 27 април сликата за Македонија која се бори за слободата

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска на годишнината од крвавите настани истакна дека се уште не може да поверува дека некои од насилниците лани на 27 април биле спремни и за ликвидација.

„Тоа се постапки на ароганција и насилство. Тоа не беше напад против мене, туку напад врз граѓаните. Нивните постапки не беа само криминал. За да не се случи најстрашното тој ден помогна разумот кај повеќето од пратениците, а во очите на соборците видов силна желба за живот. За да не ескалира насилството помогна присебноста на граѓаните. Сакам да ви се заблагодарам за таа присебност почитувани граѓани – истакна Заев.

Тој додава дека сите биле ужаснати од крвавите случувања, но се бореле и здружени ги надминале тешките моменти.

„Тоа низ што помина Македонија на 27 април мора да помине низ судска институционална постапка без политички притисок и влијание. Нека биде 27 април сликата за Македонија која се бори за својата слобода. А, тие што ги извршуваа таквите насилнички работи во Собранието не се ни свесни дека само го забрзаа доаѓањето на слободата. Излеговме од длабока политичка криза и од заробената држава. Заслужуваме почеток за преговори со Европската унија – додаде Заев.

Поврзани новости