Заев држи владина седница во Тетово, Алијансата, Беса и ДПМНЕ протестираат пред Општината

by fokus

Премиерот Зоран Заев во пресрет на владината седница во Тетово истакна дека за оваа политичка гарнитура најважно е здравјето на граѓаните и затоа внимателно се одлучува кога во прашање се области од заштита на животната средина. Тој рече дека Владата ќе стопира дел од одлуките да се градат мали хидроцентрали ако тоа влијае врз екологијата и здравјето на луѓето.

-Во сите национални паркови и заштитени подрчаја не одобруваме локации дури и таму каде што има отпочнато иницијативи да се заштитат одредени региони. Нека се отворат сите прашања нема поважно за нас од здравјето. Ако треба да во следните три годни да изгради 20-30 мали хидроцентрали, нека се изградат 10-15, но нека биде еколошко заштитено. Малите хидроцентрали ако се со еколошко обезбедливи ресуриси тие се производитли и на еколошка струја затоа што водата е непресушен извор и не се оштетува, па продолжува да ја врти турбината која произведува енергија што значи намалување на јагленот. Трансперетни сме и реагираме секогаш со институциите, рече Заев.

За протестите на членови на партиите Алијанса за Албанците, Беса и ВМРО-ДПМНЕ пред општинската зграда во Тетово поради непреземените мерки Заев истакна дека имаат право на изразување, а посочи примери на сработено.

-Слободата на протест е врвно демократски право. Сме трансопаретни, но да направиме и рекапитулар. 11 години беа на власт не направија ништо. Најдовме само 10 милиони евра. Наместо споменици правиме гасиификација. Знаеме дека затворањето на Југохром ќе не чини гласови, но нема да работи се додека не стави филтри, сите дишиме ист воздух. Определивме 15 милиони евра за да успееме во борбата против аерозагадувањето. Прашањата ќе ги решаваме заедно и централната и локалната власт, истакна Заев.

Поврзани новости