Заев: Додека поважен им беше Прометеј со гаќи или без, не најдоа место за споменик на Борис Трајковски

by fokus

На вчерашниот митинг во Струмица се обрати и премиерот Зоран Заев, кој одговори на критиките на Христијан Мицкоски дека тој бил негативниот лик од Струмица, а позитивни биле само Горан Пандев и Борис Трајковски.

-Од толку многу споменици во Скопје 2014 изградени од партијата што неа ја кандидира за претседател, не најдоа место за ниеден споменик на Борис Трајковски. И додека поважен им беше Прометеј со гаќи или без, многу порано оттогаш Зоран Заев со струмичани заедно подигна споменик на Трајковски, една година откога го изгубивме претседателот. На Горан Пандев на овој најголем плоштад во државата му поставивме ѕвезда затоа што заслужува, оти тој е нашата гордост,рече лидерот на владечката партија Зоран Заев.

Поврзани новости