Заев доби покана за годинешниот Самит во Солун

by fokus 19:43
19:43
Премиерот Зоран Заев ќе учествува на годинешниот Самит во Солун, кој под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос, ќе се одржи на 14 и 15 ноември.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев на самитот е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи во четврток вечер на 14 ноември.

Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.

- Advertising -

Поврзани новости