Заев до Могерини: Останете фокусирани поддржувачи на Македонија

by fokus

Испраќам порака до вас Ѓоспоѓо Федерика, но и други претставници на унијата, останете фокусирани поддржувачи на РМ енергично сме посветени на спроведувањето одржливи реформи и 3-6-9, веќе од денес ги ставивме реформите за нова динамика на реформскиот процес, и порача премиерот Зоран Заев на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини на нивната заедничка прес конференција.

-Ќе дадеме нови причини за поддршка, граѓаните на РМ заслужувааат да бидат дел од Европа, нека стане реалност добивањето датум во јуни. Интеграцијата за граѓаните значи економски развој, нови работни места, повисоки плати и животен стандард, мотивирани млади луѓе. Интеграцијата на РМ и регонот во ЕУ и НАТО е веќе јасно и стратешки интерес од широки рамки за заќувување на демократски вредности, стабилноста и безбедноста во светски рамки. Граѓаните на РМ со одлучност за промени ја испратија пораката дека се подготвени за светла иднина за својата земја. Почитувани граѓани, да останеме и сите ние кон стратешките цели и да обезбедеме ЕУ интеграции на РМ и квалитетлниот живот за сите. Владата е подготвена да помогне, истакна премиерот Заев.

Поврзани новости