Заев до градоначалниците: Ако чесно ја водите општината ќе имате многу повеќе пари

by Fokus

Македонија беше финансиски урнисана. Покрај системските мерки што ги преземаме за финансиска и економска стабилизација единствен начин да се придвижи напред е преку чесно и одговорно работење и на општините и на централната власт, истакна лидерот Зоран Заев во денешното обраќање пред избраните градоначалници од СДСМ, на обуката во организација на Институтот Прогрес, посветена на развој на јавни политики.

Тој истакна дека во функционирањето на секоја институција и општина важни се, чесниот пристап, посветеноста на решавањето на проблемите и менаџирањето со финансиите.

– Прво, чесност. Ако чесно ја водите општината ќе имате многу повеќе пари. Создадете простор за компетитивност, нека конкурираат луѓето. Секогаш компетитивноста ќе ви донесе можност да имате повеќе пари за повеќе проекти, спроведени на транспарентен начин. Сакам во тој дух да знаете дека од 1 декември за сите јавни институции во државата ќе стигнат и препораки до општината или до општините. Секој договор за јавна набавка, после завршена тендерска процедура се склучува и може да почне да се реализира само кога ќе се објави јавно, на веб-страната на општината. Јавно мора да биде достапен секој договор за јавна набавка. Тоа ќе значи мониторинг и јавен коментар на граѓаните за секој тендер, која е фирмата, што ќе работи, која е цената, која е постапката во која што е одредена – рече Заев.

 

 

Поврзани новости