Заев до административците и земјоделците: Груевски не ви дава пари од џебот на мајка му Нада!

by Фокус 21:03
21:03

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Свети Николе побара неопределените гласачи да излезат на гласање и да ја направат пресудната разлика кон политички промени.

– Кога цел свет знае за злоделата што се правени во Македонија, кога и од ВМРО-ДПМНЕ знаат каква мафија е нивната врхушка, што ќе правиме, со пола уста ќе зборуваме? Овие 33 отсто кои не се изјаснуваат како ќе гласаат велат дека Македонија тоне, јасно е дека и тие се за промени, ајде да се изјасниме – повика Заев.

- Advertisements -

Тој посебно испрати порака до администрацијата, примателите на субвенции, да се сфатат дека Никола Груевски не им дава пари од џеб, туку буџетски пари.

-Не се плашете, Груевски не ви дава плата од мајка му Нада, тоа се пари од Буџетот,у вие ги заработувате. Субвенциите ви се загарантирани со закон. Ако не се изјасниме, ако не се одважиме, со кого ќе останете да живеете во Македонија? – праша Заев, зборувајќи за масовното иселување.

Поврзани новости