Заев: Дијаспората е нашиот народ, денеска е надвор – утре ќе е тука

by Fokus 13:21
13:21

Може секој да си дозволува да игра за политички причини со бројките. Не е во ред да ни треба дијаспората кога треба да не гласаат, а да не ни треба кога ни дава пари, кога треба да ја попишеме, кога помага на домаќинствата. Дијаспората е нашиот народ. Денеска е надвор, утре ќе е тука. Може некој од нас утре ќе е надвор, а дијаспората ќе е тука. Тоа е нашиот народ. Ние си го попишуваме целиот наш народ без разлика дали е дома или надвор, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Христијан Мицкоски дека дијаспората треба да се евидентира, а не да се попишува.

Заев уште еднаш апелира до граѓаните дека е важно секој да се попише.

- Advertisements -

Можни се, истакна, изолирани, поединечни случаи на технички грешки кои настанале несакајќи, при внесување на матичните броеви, но тие треба да се пријават за веднаш да се отстранат и попишувањето да продолжи непречено.

-На крајот тоа се корегира. Имаме и доволно време, но важно е граѓаните да го пријават ваквиот случај. Може да пријават директно во Државниот завод за статистика каде пописните одбори ќе го согледаат проблемот и ќе го отстранат за да може секој да се попише. Навистина е важно секој да се попише, дали живее дома или надвор од државата. Се работи за операција која е емпириска, но и техничка истовремено. Може да се случат одредени технички грешки, но ако ги пријавиме тие се отстрануваат и се решаваат. Апелирам до граѓаните за ваков или за друг сличен проблем веднаш да пријават во Заводот за статистика за да биде отстранет и за да си го исполнат своето граѓанско право и обврска – да се попишат, изјави премиерот по пуштањето во употреба на модуларната болница во Прилеп.

Тој уште еднаш подвлече дека за државата се исто важни и граѓаните кои се дома, но и оние што живеат надвор.

Поврзани новости