Заев: Деновиве ќе дознаете кој е креаторот на криминалите во државава!

by Фокус 14:38
14:38

Власта во ова второ полувреме од кампањата влегува со психолошка предност, но ние влегуваме со силна одлучност да го откриеме до крај криминалот на власта. Наредните денови сите ќе дознаат кој е главен креатор на криминалите во државата поради коишто пати нашиот народ, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

– Прашањето што си го поставуваат најголем дел од граѓаните, како тогаш победува Никола Груевски, ви тврдам ќе биде разобличено. СДСМ ја презема обврската тоа да го стори во име на доброто на сите граѓани во државата, во име на демократијата во Македонија. Во вториот изборен круг треба да ги мотивираме сите тие граѓани да го изразат својот став, којшто евидентно, со останувањето дома и порачува на власта дека ја нема нивната поддршка. – изјави Заев.

- Advertisements -

 

Поврзани новости