Заев денеска во 15 часот на средба со Села во Тетово

by Фокус

Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев денеска во 15 часот ќе оддржи средба со фронтменот на Алијансата на Албанците Зијадин Села во Тетово, информираат од СДСМ.

Оваа средба практично доаѓа по пресот што треба да го оддржи Села во 13 часот, што претставува негово прво јавно појавување откако беше тешко повреден при инциндентите во собранието.

Како што веќе објавивме, меѓу прес-конференцијата на Села и средбата со Заев, Алијансата ќе оддржи внатрепартиски консултации во врска со преговорите за нова влада.

В.С.

Поврзани новости