Заев: Да зборуваме отворено, интервјуто со БГНЕС беше дадено за да работи позитивно во Бугарија

by fokus

Премиерот Зоран Заев во денешното гостување на Радио Канал 77 зборуваше за интревјуто за бугарската агенција БГНЕС. Вели дека не се кае за тоа што го кажал и напоменува дека интервјуто било наменето за бугарската јавност.

-Идентитетските прашања се прашања за кои Заев ниту никој, нема да преговара. Жезелна завеса од 48 година има поставено меѓу Југославија и Бугарија. Заради политиките. Јас како стумичанец се сеќавам на свиждањето после тоа. За да се зближат народите. Администрацијата во Бугарија тогаш е власта во Бугарија, одлучила да се приклучи на Третиот рајх, не го прашале народот. Наместо „бугарски фашистички окупатор“, „бугарска фашистичка рака“, треба да ги смениме со „фашистички“.  Лидерите треба да водат, јас не се каам на тоа што го кажав. Знам дека ги газам првите чекори на градење на пријателство. Да зборувам отворено: интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија. И Борисов е многу често критикуван дома затоа што отворено зборува за македонски народ и јазик. Лидерите што не калкулираат и не ја ставаат во прв план својата политичка кариера, вели Заев.

Поврзани новости