Заев да престане да се поздравува со луѓе и да ги загрозува нивните животи

by lali

Ова соопштение на граѓанската иницијатива доаѓа по нападот и претепувањето на пензионер кој се поздрави со Заев и осамна на насловна страна на дневен весник. Одговорноста за нападот ја презеде досега непознатата терористичка група “Жолта куќа”.

“Контрапротест” смета дека против Заев треба да се преземат и правни мерки бидејќи очигледно е дека со своето поздравување ги загрозува животите на луѓето, а одговорност ќе бараат и од весникот што ја објавил фотографијата.

– Не знаеме дали е нешто во начинот на поздравување тоа што ги иритира другите луѓе, или едноставно овие што се поздравиле потоа ги бие малер, па баш тие налетуваат на гневни сограѓани, но во секој случај однесувањето на Заев заслужува осуда – сметаат во “Контрапротест”.

Поврзани новости