Заев: Да помине референдумот, па ќе правиме уставни промени

by Fokus

Уставните измени што треба да се случат за премиерот Зоран Заев се многу логични и ќе бидат објавени од страна на собраниските комисии што ќе работат на нив по завршување на референдумот и објавување на резултатите.

– Промените ќе се направат во преамбулата, членовите 3 и 49. Во преамбулата ќе има само зајакнување на одлуките на АСНОМ за слобода, демократија, еднаквост помеѓу граѓаните, бидејќи од АСНОМ е борбата за ослободување на сите граѓани од тогашниот фашистички окупатор. Во делот на член 49 каде што се однесува за дијаспората, ќе го примениме она што е европско. Знаете дека Македонија има дијаспора на Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и кај нас е подлабински навлезено и може да предизивика во иднина иредентизам, односно одредени провокации, но секако ќе го преадаптираме како што стои во земјите членки на ЕУ и како тоа државата ќе води грижа за својата дијаспора, изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Липково.

Промената, додаде,  ќе биде и таму каде што е Република Македонија, ќe стои Република Северна Македонија, а секаде каде што е македонско останува македонско и каде што стојат Македонци, Албанци, Турци, Роми останува.

– Многу се логични самите уставни промени што ќе се случат. Верувам дека презентацијата ќе биде штом ќе бидат готови официјалните државни комисии кои што би работеле на уставните промени. Не може да се иницира правно формално ваква постапка заради тоа што тоа би значело прејудицирање на волјата на граѓаните. Јас сакав уште сега ако може да се презентираат, да видат граѓаните како тоа изгледа, но со сето тоа ќе се прави непријатно влијание врз граѓаните, а граѓаните треба навистина слободно да одлучат во овој период, изјави премиерот.

Поврзани новости