Заев: Благодарност до ЕП, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење

by fokus 20:04
20:04

Премиерот Зоран Заев изрази голема благодарност до Европскиот парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

-Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно ѝ припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан. Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство. Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука

- Advertisements -

Поврзани новости