Заев бега од дебата како ѓавол од темјан, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски

by fokus

Зоран Заев кој зборот дебата не го вадеше од уста, сега бега од дебатата како ѓавол од темјан. Заев избега од дебатата на која го повика нашиот претседател, Христијан Мицкоски. Заев е кукавица кој за фотелја потпиша капитулација на Република Македонија. Всушност Зоран Заев е премиер со зајачко срце, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова доволно говори дека Заев не сака да се соочи со граѓаните и дека не сака да одговори на прашањата поврзани со референдумот. Но, главното прашање е, кој му забранува на Зоран Заев да излезе и да се соочи со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој отворено јавно го покани на ТВ дуел односно дебата? Кој г-дине Заев Ве советуваше кукавички да бегате од ТВ дуел, каде што ќе треба да ги побиете сите аргументи на ВМРО-ДПМНЕ дека овој договор е капитулантски и го брише идентитетот, јазикот, историјата, малцинствата и се останато? – прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

 

Поврзани новости