Заев: Антикорупциска ги кажа одлуките, испраќам наредба до сите да се повлечат од работните места

by fokus

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп повика на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните.

Само така, посочи, ќе ја средуваме државата и никако поинаку.

– Еве ги денеска одлуките, директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот. Државната антикорупциска комисија е независна институција и очекувам да ги соопшти резултатите што ги најави и за другата страна оти тие беа примерот за непотизмот во државата и целото партиско, но и роднинско вработување. Очекувам и за другата страна, додаде Заев.

Поврзани новости