Заев: Анкетите не намамуваат да одиме на избори, но добро за земјата е да се истера цел мандат

by fokus

Премиерот Зоран Заев на прес конференцијата на која кажа дека решението до кое дошле со Ципрас е Република Северна Македонија, рече дека е спремен за избори кога и да се одржат.

-Изборите може да се одржат заедно со референдумот или заедно со претседателските избори. Резултатите од анкетите не намамуваат да одиме на избори, рече премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека за доброто на економијата и на земјата е да се истера цел мандат пред да се оди на избори, но вели, доколку останатите партии не се согласуваат со тоа, ќе има предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости