Заев: Ако се укине СЈО, ќе продолжиме со бомбите

by Фокус 17:04
17:04

Опозицискито лидер Зоран Заев денеска на новинарско прашање одговори дека доколку Специјалното јавно обвинителство се укине и  материјалите се вратат, тогаш тој ќе продолжи со нивно објавување.

– Ако биде уништено СЈО, и ги вратат материјалите, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува прислушкуваните материјали. Истовремено, како што рековме, ќе ги употребиме сите алатки и механизми коишто ни стојат на располагање. Јас ги замолувам новинарите, да го прашаат Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и сите други, зошто до ден денеска ги немаат предадено прислушкуваните материјали на СЈО. Многу важен моментум на којшто сите заборавивме – истакна Заев.

- Advertising -

Поврзани новости