Заев: Ако нема договор за десетина дена нема потреба да се мачиме со преговарање

by Фокус

-Ако погледнете во агендите на европските комисии ќе видите дека има многу важни состноци. Согласно тоа ги дефиниравме кратките рокови, 25 и 26 јуни е Советот на Европа, убаво е до тогаш да има резултати, ако не, да не се мачиме повеќе. Доколку нема договор, повторно ќе се насочиме на мирни и ненасилни механизми кои ни стојат на располагање, рече денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата на која објави нова „бомба“.

Претседателот на СДСМ вели дека ова не е ултиматум, туку преговорите имале смисла ако ја дадат конечната цел за која се разговара. Тој додаде дека треба да се отвори избирачкиот закон, да се реши за гласањето на дијаспората и за изборните едниници, а според него, тоа не може да му се препушти на Груевски.

Што се однесува до можното вклучување на заменикот секретар на Стејт Департментот, Викторија Нуланд, Заев рече:

-Таа доаѓа во регионот, во посета договорена од пред повеќе од еден месец . Не ја исклучуваме можноста ако има добра намера да се вклучи во процесот, иако кажав дека во следните десет дена да се обидеме, ако не, нема што да се мачиме повеќе.

Поврзани новости