Премиерот, Зоран Заев, го нарече адолесцентно условувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во процесот на формирање на Државната изборна комисија.
-Тоа што власта е приморана на преговори од опозицијата за да се формира ДИК само по себе кажува колку е адолесентен самиот процес на кој се подложени институциите. ДИК мора да се формира одма и веднаш. Тоа е обврска на парламентот и на сите политички чинители – изјави Заев.
Тој рече дека власта останува на ставот да не се менува Изборниот законик како што бара опозицијата, односно формирање техничка влада три месеци пред избори. Според Заев останува на сила само одредбата премиерот да отстапи од функцијата 100 дена пред избори.
-Несфатливо е да се бара техничка влада како пржинската. Тогаш опзицијата отстапи и прекина со објавувавање политички бомби и вети ќе ги достави до СЈО. Тоа беше дел од договорот. Јас не ги гледам ваквите потреби, но гледам дека граѓаните имаат право, а наша должност е да овозможиме да се изјаснат на референдум. Референдумот може да биде за еколошко, економско значење, а овој референдум е од историско значење. На овој начин граѓаните ќе ја дефинираат иднината – рече тој.