Заев: 400 компании ќе добијат финансиска помош од 17,2 милиони евра

by fokus

Како дел од мерката за зајакнување на конкурентноста, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил.

Целта на оваа економска мерка, потенцира премиерот Заев, е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, подобрување на конкурентноста, а со тоа и отворање на нови работни места и задржување на постојните.

Поврзани новости