„Заедно напред“, вели Стево Пендаровски

by Fokus 10:22
10:22

Под слоганот „Заедно напред“, кандидатот на владината коалиција, Стево Пендаровски ќе ја започне кампањата за шестите претседателски избори во нашата земја.

Слоганот на кампањата за кандидатот за претседател со број 3, Пендаровски, бил договорен на работна средба на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата на која присуствувале сите министри, градоначалници и функционери на партијата.

- Advertisements -
Banner NISSAN_Okt_300x250

Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на  заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.

На проширената средба на Централниот изборен штаб, премиерот Зоран Заев побарал ангажман од сите во партијата за одржување на кристално чисти избори.

Поврзани новости