Заедницата на Македонци од Обединетото Кралство: Итна истрага за утврдување на идентитетот на насилниците

by fokus

Заедницата на Македонци и пријатели на Македонија во Обединетото Кралство денеска изразија длабока загриженост за актуелните политички случувања во Македонија.

-Најстрого ги осудуваме нападите врз легитимно избраните пратеници во Собранието на Република Македонија, и насилството врз највисокиот претставнички дом како противуставен напад врз демократијата во Македонија. Барaме да се спроведе итна истрага за утврдување на идентитетот на насилниците, на членовите на толпата која насилно влезе во Собранието и нивните водачи и поттикнувачи, и нивно спроведување пред органите на правдата. Истовремено, бараме да се утврди одговорнста на полициските органи за нивната задоцнета реакција и целосно потфрлување да го заштитат и обезбедат Собранието и пратениците, се вели во реакцијата.

Тие додаваат дека даваат целосна поддршка на сите демократски сили во државата за повторно воспоставување на владеењето на правото и почитувањето на човековите права, професионални полициски органи, независно судство, слободни медиуми и продолжување на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости