Забрчанец: Вергините, маскираните и русјаците ни ја палат државата

by Fokus 00:05
00:05

Вергините, маскираните и русјаците ни ја палат државата. Не, тоа не се граѓански протести, тоа се насилства кои имаат една цел: Македонците да страдаат и да не одат напред со европскиот современ свет, напиша вечерва на Фејсбук, владиниот национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец.

-Демократи, спротиставете се, одбијте ги овие црни анти-македонски сценарија.

Оваа власт покажала и докажала дека демократскиот глас е исклучително важен и дека македонските идентитетски црвени линии никогаш не се и нема да бидат предмет на преговори, нагласи тој во објавата.

 

Поврзани новости