Забрчанец: Пранкерите ги активираа владините служби за спроведување протокол

by Fokus

Разговор со Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на премиерот Заев

Деновиве се актуелизираа многу теми поврзани со „Предлог планот за одлучна акција против ширење дезинформации“ којшто го изработи Владата, во најголем дел од фелата и јавноста  реагираа зошто е изработен од Владата, а не од невладиниот сектор или медиумите, потоа беше кавалификуван како цензура или спречување на слобода на говор, сепак повеќето се согласни дека дезинформациите ги имаме секојдневно и треба да се бориме со нив, протоколите во институциите треба да се почитуваат, но треба да се одберат вистинските начини на спроведување на истите, се главните коментари на фелата.

-Ова не е план што ќе ги цензурира медиумите, туку план со цел заеднички институциите, медиумите, организациите, невладините, медумските здруженија, секој во својот домен, заеднички да помогнат во пласирање на вистинска информација и борба против дезинформациите. Сакаме да бидеме партнери со граѓанското општество, а не да ја цензурираме слободата на говор, вели за „Фокус“ Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на премиерот Заев.

Акциската група што планира да ја оформи Владата, главен проблем за медиумските организации

Акциска група што Владата планира да ја создаде со цел да ги координира единствено активностите за кои Владата ќе ги превземе од овој план, додека за останатите точки би биле одговорни други чинители во општството, невладини, здуженија и слично, но акциската група секако ќе се координира со фелата и со граѓанските здруженија, но сепак за оние точки од планот кои се од институционално значење и за кои одговорност ќе преземе Владата секако дека ќе бидат надлежност на владиното внатрешно тело. Не значи дека оваа акциска група ќе го изгласа овој план и ќе го  превземе и со тоа ќе има кажува на медиумите како ќе работат, објаснува Забрчанец.

-Во врска со системот за акредитација, имаме реакции од одредени новинари за однесувањето на други новинари кои го узурпираат просторот на прес конференции во Влада, земање микрофон без најава, поставување по неколку прашања, повторување на прашања, а на тој начин некој не добил прашање, бидејќи времето е кратко, а сакаме да одговориме на што е можно повеќе прашања. Лимитираноста на прашањата произлегува од времето кое не неограничено, затоа ние прифаќаме саморегулација и кодекс на однос кон колегите кои сакаат да постават прашање, вели тој.

Пранкерите ги активираа владините служби за спроведување протокол

Акцискиот план беше предложен и изработен и поради случајот со пранкерите во која е пробиена безбедносна заштита особено со премиерот Зоран Заев и затоа во планот, којшто според Забрчанец иако е протолкуван веќе како закон, а всушност е само предлог стои:

РЕВИДИРАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ И КРЕИРАЊЕ НОВИ ВНАТРЕШНИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРОТОКОЛИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ И
КОМУНИКАЦИЈА СО НАДВОРЕШНИ СУБЈЕКТИ, СО ЦЕЛ НАМАЛУВАЊЕ НА
МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРОТЕКУВАЊЕ НА СЕНЗИТИВНИ ИНФОРМАЦИИ.

Според него тоа е јасен протокол за комуникација од страна на институциите кои дополнително по разговорите со граѓанскиот сектор, новинарските организации, невладините организцаии ќе биде утврден истиот и ќе почне да се применува.

-Сензитивни информации значи и квалифицирани информации и лични податоци, информации кои не би требало да се објавуваат неконтролирано, зајакнување на протоколите за комуникација кои јасно се дефининирани и се наведува начинот на нивна дистрибуција до јавноста. На пример доколку се побара менаџерски договор преку Агенцијата за слободен пристап на информации, пред да се испрати документот треба да се заштитат личните податоци, а да останат видливи само податоците од јавен интерес, објаснува тој.

Според него делови од предлог планот даваат експлицитна насока за владините комуникатори кои не смеат да изнесуваат во јавност класифицирани информации, тоа никако не е во насока на намалување на транспарентноста, туку е во насока на заштита и почитување на закони.

-Така што неопходни се протоколи за комуникација, со тоа што секој службеник треба да знае до каде му се овластувањата и ингеренциите на изнесување на информации. Доколу овие информации протечат има законски санкции и одговорности. Поентата на оваа мерка е да се избегнат случаи како тој со пранкерите, да има појасен пат на кој начин се закажува состанок, кога, кој, во каков протокол може да се закаже телефонски разговор за да не се повторат слични ситуации. Затоа една од мерките е промена на телефонски број на премиерот.

 Ниту е во камен напишан ниту владата има намера да цензурира

Според Забрчанец добро е што веќе јавноста почна да препознава дезинформации, во што помагаат и одредени организации за разобличување на ваквите вести, на пример еден пратеник во неколку наврати прошири дезинформации што беа разобличени, а потоа и јавноста донесе свој заклучок, што значи успехот се состои во тоа јавноста сама да врши проценка на релевантноста на изворот, информацијата и веродостојноста на кажаното.

-Во таа насока е важно да се потенцира дека Владата го донесе овој Предлог план, што не е ниту усвоен ниту наметнат, туку почнува дискусија токму со многубројните реакции, па и критики, потоа соработка со невладини организации, медиумски организации претставници од јавниот сектор се со цел, еве се планира во втората половина на август официјана дискусија со ЗНМ, за да се намали протокот на дезинформациите, а со тоа и штетноста. Исто така треба да се прави разлика меѓу неточна информација и дезинформација бидејќи втората е е земена и со пропагандни методи ширена за да врши влијание врз граѓаните, можеби и да предизвика на пример епидемија на морбили, на пример дека во Македонија ќе се граделе бегалски кампови, а нема на граница толку мигранти, ниту пак се гадат кампови.

Според него сето ова по дефиниција е напад на демократија, бидејќи некој те бомбардира со дезинформации и на тој начин не можеш критички да расудуваш. Исто така владата ќе соработува со сите организации и групи кои работат во борбата со разобличувањето на дезинформациите  и проверка на фактите, како што се Ф2Н2, Метаморфозис и многу други преку навремено одговарање на нивните прашања за да ги снабдуваме со информации со цел брзо разобличување на дезинформациите.

-Во рамки на социјалните медиуми си постојат лица задолжени за соработка со институции  кои следат нарушување на законски регулативи за да се добие соодветна реакција или санкција за прекршувачот. Не смееме да дозволиме пред очи да ни се дозволи говор на омраза, вели Забрчанец

Колку владата ќе се замеша во саморегулација на порталите?

-Ние како влада го поддржуваме Советот за етика за иницијативата на саморегулација пред се на порталите, порано имавме и состанок со нив со присутни членови на ЗНМ и новинарскиот синдикат каде тие најавија иницијатива за саморегулација на порталите, каде постојат недоречености со кои се согласуваме и ќе ги  прифатиме сите стандарди кои еснафот од новинарската професија и медиумските организации ќе ги утврдат, ги мотивираме што побрзо тоа да се случи бидејќи тоа ќе  придонесе кон намалување на продукцијата на дезинформации или кон намалување на обемот на ширење на дезинформации. Ние  немаме намера ниту да вршиме регулација  на медиумите ниту пак да се мешаме во уредувачката политика, туку да се потпреме на стандардите кои ќе ги утврди новинарската фела, а секако и на институциите и на општеството и на граѓаните им е потребно да се утвдат тие начела и принципи врз основа на кои би се саморегулиралае интернет медиумите.  Во најмала рака како што и најавува новинарската фела еден минимум за еден медиум, импресум, уредник, вработени, редакција, адреса, правен субјект како се финансира, ако сите субјекти во ова општестов се транспарентни, зошто интернет медиум да не каже по кој етички новинарски кодекс работи. Со кој би се почитувале минимум стандардите.

Протоколот кризни комуникации значи побрз тек на информација и побрза реакција кон јавноста

Ова значи дека ако излезе во јавноста одредена дезинформација, на социјални медиуми или воопшто медиуми, ние имаме  задолжено лице за следење на протокот на овие информации, да биде што е можно побрзо реагирано до соодветната институција да ја провери точноста или неточноста на истата информација и доколку се потврди дека е дезинформација, институцијата да даде соодветен точен и коректен одговор, за да не се дозволи дезинформацијата да се распрсне.  Тоа е рапид риспонс комуникациски систем кој што Владата го гради во соработка со консултанти од владиниот комуникациски сервис на Велика Британија, за оваа комуникациска стратегија, на што работиме и на протокол за кризни комуникации според планот за идната година, тоа е нормално секоја институција да има таков, засега МВР веќе има таков постоечки систем на проследување информации, Владата како централно тело досега немаше. Целта е да се воспостави централен владин протокол за комуникации, тоа не подразбира само справување со дезинформации туку и справување со кризна комуникација, не само во тековниот проток на информации, туку и при несреќи, поплави и слично на кој мора јавноста брзо да информира, со што ќе се обезбеди брз одговор од засегнатите институции.

 Медиумите нема да објавуваат само соопштенија, секако ќе поставуваат и прашања

Оваа влада покажа дека се зголеми транспарентноста од една крајност во друга крајност во изминатите две години, кога бевме последни по транспарентност, сега според мерења сме први во регионот по транспарентност, објаснува Забрчанец.

– Според мерења на на кредибилни институции сме први по транспарентност и тоа би требало да е верификација за напорите што сме ги направиле на тема активна транспарентност, не запираме тука, сигурно дека постојат институции што се помалку транспарентни од просекот што сме го покачиле, но целта е она што Владата го обезбеди како податочни сетови достапни на веб страницата и јавно достапни до граѓаните тоа треба да се спроведи и кај секоја институција без исклучок. И досега објавените 21 документи на страницата на Владата како што се органограмите, листа на вработени по кабинети, трошоци и таков тип на информации се содлука на Влада, бидејќи на овој начин им се даде задолжение на министерствата за своите министри заменици и државни секретари до централниот пр сектор да достават на секое шестмесечие извештај за реализирани службени трошоци на функционери врз основа на што е и објавена алатката за транспарентност и отчетност. Концептот отворена влада функционира така што јавно се достапни дури и записниците од седници, но секако доколку се имаат одредени прашања на одредена тема тие може да бидат проследени до соодветните лица и да се побараат одговори и според основната информација понатаму соодветни прашања. Што значи дека и медиумите нема да бидат принудени да објавуваат само соопштенија туку ние се натпреваруваме на пазарот на вести и со останатите сегменти во општеството, бизниз заедницата, опозицијата, граѓанскот општество, со цел да бидеме соодветно застапени во медиумите, вели тој.

 Национална стратегија за медиумска писменот

Националната стратегија а медиумска писменост ќе биде спроведена во неколку сегменти во општеството, училишта, институции, граѓани и секако во соработка со граѓанскиот сектор и очекуваме да ја водат медиумските здруженија, односно фелата кои се најмногу стручни за да ја спроведат, тврди Забрчанец.

-Ова потекнува од Владата бидејќи со оглед на ситуацијата потребна е медиумска писменост кај јавноста, едукативни кампањи. Сепак по ова прашање на иста линија стојат и медиумските организации, а медиумската писменост е една од столбовите за борба со дезинформации, а тоа е препорака од сите странски организации со кои сме имале средби и консултации. Мора да вложиме во едукација на помладите за да може да почнат критички да размислуваат, да препознаат аргументиран став, вест со два три извори од вест со непостоечки извори, за да ги научиме дека не се читаат само наслови туку и содржина на текстовите. Иако има проблем во имплементација на ова, посебно во училиштата каде има недостаток на компјутери, сепак во денешно време достапноста на информациите е на високо ниво, ама никој не вели дека ќе биде лесно, туку дека ќе се вложат максимални напори сето ова да се оствари, вели тој.
Според него досега не сме имале никаква стратегија за спроведување на медиумската писменот, а ние сакаме младина која критички ќе размислува и нема да дозволи ниту една власт и опозиција да манипулира со информациите. Атоа би создало критичка јавност. За оваа цел сме подговтвени да ги вклучиме сите невладини или медиумски организации да се вклучат во ваквите кампањи, и во таа насока е и целиот план за спроведување со дезинформациите, нашата намера со овој план е да се поттикнат процесите побрзо да се случуваат, да се поттикне дискусија, се јавија сериозни чинители, медиумски организации кои се подготвени заеднички да работиме во борбата за дезинформации и спроведување медиумска писменост.

Соња Танеска

 

 

 

Поврзани новости