Забрана за тешки товарни возила на Плетвар

by fokus

Поради новите врнежи од снег, АМСМ информираше дека од осум часот утринава е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар од превентивни причини.

Oд 08:10 часот на магистралниот пат Охрид – Гостивар на планинските  превои Стража и Пресека  воведена е забрана за камиони, поради обилни врнежи на снег. Од 08:20 часот пак, на магистралниот  пат Гостивар -Дебар поточно од Мавровска раскрсница кон Дебар, исто така е воведена забрана за тешки моторни возила поради обилни врнежи на снег.

Сообраќајот на сите патишта се одвива во зимски услови, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села не е прооден за секаков вид сообраќај.

Поврзани новости