Забрана за тешки товарни возила на Маврово и Ѓавато

by fokus

На патиштата низ државата, освен во источните делови врне снег со слаб интензитет. Сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, информира ЈП „Македонија пат“.

На планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Маврово – Дебар има забрана за движење на тешки товарни возила, а магла со видливост од 100 метри има на Плетвар. Сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар преку планискиот премин Стража е нормализиран за камиони во двата правци.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Поврзани новости