883
Владата на последната седница донела одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5 август 2016 година, односно пред поплавата која оштети илјадници домови и однесени 20 човечки жртви.
Од Министерството за економија, пак, информираат дека одлуката, се однесува на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција.
Оваа одлука се носи поради случаи на злоупотреба на дел од трговците констатирани при проверка на Државниот пазарен инспекторат, по поплавите во скопскиот и тетовскиот регион и зголемената употреба на производите.