Забрана за движење на камиони кај Стража и патот Маврово-Дебар

by fokus 08:19
08:19

Утрово силни врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. Забрана за движење на тешки товарни возила од изутринава се воведени на планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар, информира Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ во утринскит извештај за состојбата на патиштата потсетува дека за македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

- Advertisements -

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости