За заканата со багер да се газат активистите кои го бранеа Водно, државната компанија МЕР обвини свој вработен

by fokus 18:09
18:09

Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост во денешното соопштение до медиумите го осудува вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот на трасата преку Водно.

–  Напоменуваме дека вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот не е политика на однесување на МЕР и се коси со протоколите за работа. Вербалниот инцидент силно го осудуваме, а однесувањето на работникот ќе биде предмет на проверка и потенцијална дисциплинска постапка, се вели во соопштението.

- Advertisements -

Од МЕР посочуваат дека денеска продолжиле градежните активности за гасификација на Република Македонија, на трасата преку Водно. Активностите, како што појаснуваат, се на потег на кој не е предвидена измена на траса, потегот за кој е добиено одобрението за градба и на кој нема дрвна маса. Се работи во согласност со новите мерки и мерките дефинирани во студијата за животна средина.

– Откако беа почнати активностите, се појавиле неколку граѓани кои на мирен начин застанале во близина на механизацијата. Градежните машини веднаш ги запреле активностите, после што еден од работниците започнал вербална расправа со активистите, стои во соопштението од МЕР.

Оттаму потенцираат дека граѓаните имаат неприкосновено право на изразување на сопствен став и изразуваат подготвеност да ги продолжат разговорите со еко здруженијата. 

Поврзани новости