За Заев Шарената револуција била прв чекор во пресврт на граѓанската свест

by fokus

Премиерот Зоран Заев на одбележувањето на Денот на демократијата во Собранието ги спомена Формирањето на Студентскиот пленум и Шарената револуција како светли точки од македонската демократија.

-Формирањето на Шарената револуција ја одбележа 2016 година, но беше и своевиден прв чекор во пресврт на граѓанската свест и мотивацијата на граѓаните за излезност на изборите и вклучување  директно во политичките процеси. Денеска, граѓанските организации се активен дел од креирањето и реализацијата на политиките со кои демократска Македонија се стреми да стане членка на ЕУ и НАТО, рече премиерот.

И собранискиот спикер Талат Џафери го нагласи учеството на граѓанските организации како напредок во демократијата во Македонија.

Поврзани новости