За ВМРО Заев халуцинира, Груевски најави тужба

by Фокус 16:06
16:06

Прес-конференцијата на Зоран Заев е тотално неточна и полна со лаги. Тој измислува и халуцинира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот прес на лидерот на СДСМ.

Никола Груевски од никого и никогаш нема земено никакви пари, ниту пак бил сопственик на посочените фирми. Ниту ја купувал, ниту ја продавал Македонска Банка. Груевски ќе поднесе тужба за клевета. До сега беа толерирани безброј лаги, навреди и манипулации, но денес Зоран Заев отиде предалеку. Оваа лага е премногу и нема така лесно да помине“, се вели во соопштението.

- Advertising -

ВМРО-ДПМНЕ е зачудена како човекот аболициран за криминал од над 8 милиони евра и човекот кој делел огромни тендери на својот татко, чичко, братучеди, снаи, тетки се осмелува по секого да фрла со кал, да лаже и да измислува.

„Прес конференцијата на Заев очигледно е конфузна, со многу различни и контрадикторни податоци. Никој не разбра што сакаше да каже, а веруваме ниту тој самиот, но очигледно е дека единствена цел му е да лаже и да измислува за да го покрие срамот што му се случи во неделата. СДСМ беше на власт во периодот за кој тој зборува, во 2003 и 2004 година, и ако имало нешто немало да толерираат, посебно знаејќи го фактот дека многу пати се обидуваа да најдат било што против Никола Груевски“.

 

Поврзани новости