За викендот утринските температури ќе се спуштат околу нулата

by fokus

Посвежо време со умерен до засилен северен ветер се очекува денеска во државата. Претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 8 и 16 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени. Во Скопје слично време со утринска температура до 11 степени и дневна до 21 степен.

За време на викендот и во понеделник синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нулата. Веќе од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.

Поврзани новости