За Велигден 84 лица го прекршиле полицискиот час, 67 од нив се приведени

by Фокус

Во текот на изминатото деноноќие, евидентирано е дека на ниво на целата држава 84 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат МВР.

Според статистичките податоци на полицијата, за изминатите 24 часа на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Поврзани новости