За Вељановски изборот на Џафери е нелигитимен оти седницата се снимала со мобилен

by fokus

Пратеникот Трајко Вељаноски вели дека изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е нелегитимен затоа што неговиот избор бил пренесуван со мобилен телефон, а не на Собранискиот канал.

„Со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието ги прекршија Законот на Собранието, Уставот и Деловникот. Го прекршија член 9 од Деловникот, член 63 од Уставот и согласно законот, Собранискиот канал ја пренесува седницата, не можат тие со мобилен телефон да ја пренесуваат“, изјави Вељаноски вечерва во вестите на телевизија „Сител“.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кажа и дека за обезбедувањето на Собранието е одговорно Министерството за внатрешни работи и дека веројатно имало големи пропусти.

Поврзани новости