За убиството во Битола осомничен е сопругот на жртвата

by fokus

Јавното обвинителство денеска предложи определување мерка притвор за сопругот на жената која вчера беше пронајдена мртва во својот дом.

-Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот на 13.03.2017 година, поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом со вршење на семејно насилство ја лишил од живот оштетената – неговата сопруга Е.М.Д. од Битола, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Според Обвиниетелството, осомничениот со повеќе удари со тапо тврди средства – дрвени сукала ја удирал по главата оштетената нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход.

Поврзани новости