За цена од 25 до 37 долари „Модерна“ ќе ја продава вакцината против Ковид-19

by fokus

За цена од 25 до 37 долари „Модерна“ планира да ја продава својата вакцина против ковид-19 на државите во светот, зависно од количината на нарачката, изјави извршниот директор Стефан Бансел.

„Нашата вакцина ќе чини исто како и вакцината против грип која е помеѓу 10 и 50 долари“, изјавил директорот.

Европската унија, пак, сака да постигне договор за повеќе милиони дози и да ги навави по цена пониска од 25 долари, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на висок претставник на ЕУ.

„Ништо не е потпишано, но сме блиску до договор со Европската комисија. Сакаме да ја испорачаме нашата вакцина во Европа и водиме конструктивни преговори“, вели Бансел.

Компанијата „Модерна“ претходно објави дека ефикасноста на нејзината експериментална вакцина против коронавирусот е 94,5 проценти.

Поврзани новости