За три месеци умреле 90 новороденчиња

by fokus

Смртоноста кај доенчињата продолжува да бележи пораст. Во третото тромесечие, починале 90 бебиња, што е два пати повеќе во однос на истиот период лани кога има 39 починати доенчиња.

Податоците на Државниот завод за статистика бележи дека првото тромесечие од 2016 починале 61 бебе, во второто тромесечие 55 бебиња, и вкупно овие девет месеци од годината умреле 206 бебиња.

Лани, вкупниот број на умрени доенчиња бил 188.

Инаку, по смртноста на доенчиња Македонија е на највисоко ниво во Европа. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на смртност на новороденчиња непосредно по раѓањето е 14,3 отсто што е тројно повисоко од Европскиот просек кој изнесува 5,2.

Поврзани новости