За три дена 12 нови случаи на корона вирус во Крушево: Меѓу заразените и шестгодишно дете

by Fokus

Ако на средината на минатиот месец, во Крушево немаше ниту еден регистриран случај на корона вирус, бројката на заболени во овој град во изминатите две седмици значително се зголеми.

Од понеделник до вчерашниот ден, во Крушево се регистрирани 12 случаи позитивни на корона вирус, а еден од заразените живее и работи во Скопје, па вкупната бројка на инфицирани во оваа општина е 18.

Од заразените, шест од нив се жени, додека пак 12 се машки лица, а најмладиот заразен има само 6 години, а најстариот е на 65-годишна возраст.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости