За шест часа 63 казни за брзо возење во Тетово и Гостивар

by Fokus 08:45
08:45

Во периодот од 14 до 20 часот вчера на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. При тоа санкционирани се 63 возачи, од кои 39 на територија на Тетово, а 24 на територија на Гостивар.

-Од казнетите, 52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената. Повторно, уште еднаш апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесат да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

- Advertisements -

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости