За само 10 дена изборна кампања, ДПМНЕ потрошила 700.000 евра, а СДСМ 309.000 евра

by Fokus 13:36
13:36

Сите коалиции и партии учесници синоќа до полноќ доставиле финансиски извештаи до Државната изборна комисија за потрошени пари во првите десет дена од изборната кампања, со што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пријавила расходи од 700.000 евра, додека здружената опозиција предводена од СДСМ пријавила расходи од 309.000 евра.

Според финансискиот извештај, ДУИ како расходи пријавила скоро 87.000 евра, додека ДПА пријавила вкупно расходи од 7.000 евра.

- Advertisements -

Коалицијата за правда и промени – Трет Блок вкупни расходи од еден милион и 559 илјади и 635 денари. Коалицијата Алијанса за Албанците како расходи пријавила 893.519.

Либералната партија, пак, потрошила 477 илјади и 811 денари. Коалицијата „ВМРО за Македонија“ како расходи пријавила две милиони 848 илјади и 970 илјади.

Партијата за демократски просперитет има потрошено 262 илјади и 761 денар. БЕСА во финансискиот извештај пријавила четири милиони 725 илјади и 217 денари.

Левица пријавила расход од 81 илјади и 354 денари.

 

 

Поврзани новости