За Саемот на книга ЈСП воведува нови автобуски линии од Ново Лисиче и Дексион

by fokus 13:40
13:40

По повод одржувањето на Саемот на книгата 2018 од од трети до деветти мај во ВИП Арената Борис Трајковски, на барање на Скопски саем, заради полесен пристап на посетителите до Саемот на книгата,  ЈСП Скопје воведе две нови линии кои во истиот период ќе сообраќаат до ВИП Арена Борис Трајковски.

Линијата 100/1 ќе сoобраќа од населбата Ново Лисиче  до ВИП Арена Борис Трајковски по следната траса: Булевар Јане Сандански → Нова Железничка станица → Југодрво → Рекорд → Соборна црква → Партизански одреди → Поликлиника Букурешт → ВИП Арена Борис Трајковски.

Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11,00 часот а исклучувањето во 19,00 часот.

Линија 200/1

Линијата 200/1 ќе сoобраќа од населбата Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски по следната траса: Дексион → Ѓорче Петров → Партизански одреди →  Поликлиника Букурешт → СЦ Борис Трајковски.

Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11,00 часот а исклучувањето во 19,00 часот.

Поврзани новости